За тоа многу придонесува министерот за здравство Венко Филипче, на кого според анкетите му веруваат околу 80 проценти од граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 19 мај, 2020 23:47

ЕФТОВ: Бранко Црвенковски ќе помогне ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт!

Фото/Текст извор: ©galama.club

Новинарот Васко Ефтов во својата најнова емисија „Во Центар“ повторно го привлече вниманието на пошироката јавност. Ефтов направи анализа на поблиските соработници на двајцата лидери на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој ги анализираше најавените предвремени избори, за кои СДСМ бара да се одржат што побрзо, додека ВМРО-ДПМНЕ се противи, бидејќи смета дека не е нормално во ек на пандемија да се организираат избори и со тоа да се стави во опасност здравјето на граѓаните.

„Анкетите покажуваат дека СДСМ е во предност. Сите анкети го покажуваат тоа. Јас уште пред еден месец ви кажав дека СДСМ ќе бара брзи избори, бидејќи, нивниот рејтинг сега, поради здравствената криза е повисок од оној на ВМРО-ДПМНЕ.

„Анкетите покажуваат дека СДСМ е во предност. Сите анкети го покажуваат тоа. Јас уште пред еден месец ви кажав дека СДСМ ќе бара брзи избори, бидејќи, нивниот рејтинг сега, поради здравствената криза е повисок од оној на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ефтов.

За тоа многу придонесува министерот за здравство Венко Филипче, на кого според анкетите му веруваат околу 80 проценти од граѓаните.
Но се чини најмногу внимание привлече моментот кога Ефтов според негова анализа истакна дека екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски ќе помогне ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт.

Сегашниот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во 2011 сакаше да му направи пуч на Бранко Црвенковски, бидејќи не беше задоволен што не беше ставен на добитно место на листата за изборите. Тоа е суштината што сега луѓето кои се најблиски до Зоран Заев во еден период биле во конфликт со Бранко Црвенковски.

Затоа денес луѓето на Бранко Црвенковски, а веројатно и самиот Бранко Црвенковски работат и му помагаат на Христијан Мицкоски. Зошто, бидејќи со помош на Мицкоски сакаат да го симнат Зоран Заев од власт во СДСМ. Тоа е суштината на сите овие рекомпонирања. Сафет Бишавац и сите тие луѓе блиски на Бранко.

Или луѓе блиски на Горан Минчев, нивното збирно место е кафичот на Горан. Тоа е една група од 10-15 луѓе како што ги нарекуваат Бранковисти кои се незадоволни од работењето на Зоран Заев.

Зоран Заев на крајот од денот успеа да се справи и со Никола Груевски и со големиот Бранко Црвенковски кој тоа тешко може да го поднесе. Па затоа ќе направи сè со помош на своите луѓе да му помогне на Христијан Мицкоски да победи на следните избори – истакна Ефтов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.