Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски одлуката на Владата за именување на Тасевски за директор на БЈБ токму денес ја нарече "правда"

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 14:47

Жерновски: “Чудна правда! Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27-ми април!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Андреј Жерновски кој е актуелен заменик министер за надворешни работи а поранешен градоначалник на општина Центар на својот фејсбук профил објави дека Сашо Тасевски на денешната владина седница едногласно е избран за директор на Бирото за јавна безбедност.

Воедно Жерновски не изостави да напише дека оваа “коинциденција” со судскиот процес за настаните во Собранието на Македонија е “чудна правда”.

Постот на Жерновски на кој има само една вистина. Штотуку именуваниот директор на Бирото за јавна безбедност на 27-ми април 2017-та година беше единствената личност која пукаше во законодавниот дом на Македонија.

Популистичкиот пост на Жерновски кој сакаше да пресуди пред судот наиде на низа негативни реакции по социјалните мрежи.

“Првпат слушнав за него додека беше шеф на обезбедувањето дел од МВР во Амбасадата на САД. Од сите амбасадори со кои лично работеше добивав само пофални зборови за него. 

Ова е позитивен пример како се напредува во кариерата според квалитет и заслуга бидејќи 20 години работи во МВР.  И ете чудна правда. На денот кога во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година – датум кога е и направена оваа фотографија и кога ја докажа своја висока професионалност – Тасевски е поставен за прв човек на БЈБ.

Вистински професионалец на вистинско место” – пишува Жерновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...