Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

Објавил: Владо Марин | 11 јуни, 2023 10:58

Наскоро започнува Петровденскиот (Апостолски) пост

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар наскоро почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно.

Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден. Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела.

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата. Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло. Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...