МВР билтен

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 10:56

Жител на Арачиново уапсен на скопскиот аеродром

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во 11:45 часот на граничниот премин “Меѓународен Аеродром Скопје” при пасошка контрола било констатирано дека лицето С.Џ. [ 39 ] жител на село Арачиново – скопско се наоѓа на листата со мерка “Апси”.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.

Претходно во 06:40 часот на rраничниот премин “Табановце” при пасошка контрола било констатирано дека лицето З.Ј. [ 23 ] жител на село Слупчане општина Липково се наоѓа на “стоп листа” за издржување казна затвор.

И тој бил приведен и предаден на полициски служеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.