Косовското прашање, од теоретска идеја за цивилизирана размена на територии, прејде во практично враќање на ставовите и гневот, 25 години назад во времето, на почеток

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 13:57

Заврши средбата Вучиќ – Могерини, српскиот претседател се враќа во Белград

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја заврши средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и се враќа во Белград.

Вучиќ си заминал од зградата каде што се наоѓа седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел и веднаш се упатил кон аеродром од каде ќе отпатува за Белград.

Состанокот на Вучиќ со Могерини траел повеќе од еден час.

Српскиот претседател до вечер нема да и се обраќа на јавноста, а се уште не донел ниту одлука дали ќе се откаже од посетата на Косово, поради, како што кажа директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ,  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Приштинската делегација се уште е во седиштето на европската дипломатија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.