Граѓаните кои живеат подобро ќе гласаат за Пендаровски, а оние кои се незадоволни би гласале за Гордана Силјаноска

Објавил: Данаил Михајловски | 28 март, 2019 9:09

Задоволните од Заев ќе гласаат за Пендаровски, незадоволните од власта ќе гласаат за Силјановска Давкова!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во вчерашниот ТВ дуел со Мухамед Зекири (СДСМ) на МРТ, анализираше дека овој пат граѓаните на претседателските избори нема да гласаат по етничка, верска, партиска или социјална припадност. Тој истакна дека овој пат гласачите ќе се определат за кандидатот на власта или на опозицијата врз основа на тоа дали се задоволни или незадоволни од своето живеење и од политиките на владата на Зоран Заев.

Овој пат очекувам граѓаните ќе гласаат според нивното чувство на задоволство или незадоволство. Оние граѓани кои чувствуваат дека подобро живеат со оваа власт, се задоволни од начинот на владеење, од здравство, од cyдството, образование, земјоделие, од инвестиции, од борбата против кopyпцијата, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми ли Срби или Власи, тие граѓани ќе гласаат за кандидатот на власта. Тие граѓани кои што не се задоволни затоа што има високо ниво на кopyпција, нереализирани проекти, измaмeни очекувања, дадени лaжни ветувања, и можеби некое делумно шepифско однесување на дел од градоначалниците, без разлика да се Албанци, Македонци, Роми, Турци, Власи или Бошњаци би се очекувало да гласаат за кандидатот на опозицијата. Затоа сметам дека поделбата на гласачите овој пат нема да биде по етничка, социјална или политичка осова. На овие избори ќе имаме гласачи кои што подобро живеат и се определиле како знак за благодарност да гласаат за Стево Пендаровски и за власта и гласачи кои што не живеат подобро и не се задоволни од начинот на владеење и без разлика на политичка или етничка припадност би гласале за професорката Гордана Силјаноска, вели Милошоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести