Тој изјави дека СДСМ, застана позади независен кандидат во кој гледа иден претседател на Македонија. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 април, 2019 22:21

Заев: Ако нема цензус или загубиме, ќе има предвремени парламентарни избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот премиер на државава и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска го повтори ставот дека доколку на вториот круг од претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус или не победи кандидатот поддржан од власта Стево Пендаровски ќе го исполни реченото, и ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

На локалните избори 2017 година, СДСМ и ДУИ исто така предизборно заеднички настапија и освоија 505.000 гласови низ цела Македонија, за само 18 месеци оттогаш плус поддржани од скоро сите партии на помалите етнички заедници кои порано беа во таборот на ВМРО (сите ромски и турски партии), за претседателските избори успеаја да загубат 180.000 гласови и да се симнат на бројката од 323.000.

Тој изјави дека СДСМ, застана позади независен кандидат во кој гледа иден претседател на Македонија. 

-Застанавме зад независен претседателски кандидат кој очекуваме дека ќе го устоличиме во иден претседател на Република Северна Македонија. Јас верувам во тоа и тоа е моја желба, посветеност и очекување за иднината на државата. Секако, за тоа на крајот одлучуваат граѓаните и ако тие одлучат поинаку ќе проектираме термин за предвремени парламентарни избори – рече Заев.

Инаку во првиот круг од гласањето кое се одржа на 21 април кандидатот за претседател освои 323 846 гласови, кандидатата за претседател Гордана Силјановска Давкова освои 319 240 гласови а пак Блерим Река освои 79 915, а неважечки беа 32 828 ливчиња.

Изразено во проценти тоа е 42,84 проценти за Пендаровски, 42,24 проценти за Силјановска и 10, 57 % за Река.

Во вториот круг во претседателската трка кој ќе се одржи на 5ти мај останаа да се борат проф. Силјановска Давкова и Пендаровски, а и двајцата се надеваат на гласовите од неопределените граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.