Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето.

Објавил: Перо Милчин | 14 март, 2021 11:26

ЗАЕВ БАРА ПРОШКА ОД НАРОДОТ ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Сите ние да побараме прошка едни од други, да простиме и да гледаме напред!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил упати честитка до граѓаните по повод верскиот празник Прочка.

Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето.

Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот.

Тоа е концепт што носи добро за сите.

Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден.

Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани.

Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден, напиша премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.