При својот говор, Ципрас во еден момент ги спомна поранешниот грчки министер за надворешни работи и еден од потпишувачите на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас и Заев и им се заблагодари за потпишувањето на Договорот.

Објавил: Едмонд Бекири | 15 април, 2022 8:39

Грците му аплаудираа на најголемиот предавник на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екс премиерот Зоран Заев доби овации и аплаузи во Грција на партискиот конгрес на Сириза, чиј лидер е неговиот поранешен грчки колега, Алексис Ципрас.

При својот говор, Ципрас во еден момент ги спомна поранешниот грчки министер за надворешни работи и еден од потпишувачите на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас и Заев и им се заблагодари за потпишувањето на Договорот.

Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност- рече лидерот на СИРИЗА од Атина, по што Заев доби големи овации од присутните членови и делегати на СИРИЗА.

Договор од Преспа или Преспански договор — меѓународен договор потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро. Договорот ја раскинува Времената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Тој треба да биде решение за спорот помеѓу Грција и Македонија и да воспостави стратешко партнерство меѓу двете држави.

Според договорот, Република Македонија го промени своето официјално и уставно име во Република С Македонија, ерга омнес, а Грција го призна државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, се согласи да го именува официјалниот јазик на соседната земја како македонски, и се обврза да не го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.