Албанскиот портал zhurnal.mk објави дил помеѓу СДСМ и ДУИ за поддршка на претседателските избори

Објавил: Узунов Бобан | 1 март, 2019 13:11

Заев ветил гувернер на Народна Банка Албанец, дали тоа значи партиски кандидат за претседател ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев и  неговиот коалициски партнер Али Ахмети се согласија дека во замена за поддршка на заеднички кандидат на ДУИ, од редовите на СДСМ или блиску до неа, најголемата албанска партија да ги преземе позицијата гувернер на Централната банка, изјавија владини извори за албанскиот портал Журнал. 

Извори од владејачката коалиција, кои побарале да останат анонимни, рекоа дека Заев и Ахмети веќе се договорени кој ќе биде заедничкиот кандидат за изборите на 21-ви април, а името на истиот ќе го објават денеска, како што најави шефот на ДУИ.

Оливер Спасовски важи за човек од доверба на Заев. После бегството на Груевски, токму од медиумските перјаници блиски до Шеќеринска беше посочен како главен одговорен за овој скандал и од него се бараше да поднесе оставка од функцијата министер. Но дали пазарот на Заев со Ахмети следниот гуверенер на Народна Банка да го предложи ДУИ го натерало Ахмети да прифати и хард кор партиско решение за претседателски кандидат на власта ќе дознаеме денеска.

-А за возврат, Заев ветил дека ќе ги задоволи долгогодишните барањата и цели на ДУИ за Албанец да биде на чело на Централната банка на земјата, изјави за Журнал истиот извор.

Во мај 2018 година кога се избираше актуелната гувернерка на Народната Банка Анита Ангеловска Бежоска  ДУИ обди  да  поддржат едностран предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка. Тогаш нивни адут беше поранешниот вечен министер од ДУИ, Фатмир Бесими. 

– Апсолутно како професионално решение сметавме дека Фатмир Бесими е најдобро решение за гувернер. Успеавме сите да ги анимираме и реакцијата беше позитивна од сите, изјави Османи.

Со оглед на тоа дека мандатот на Анита Ангеловска Бежоска е 8 години, се поставува прашањето дали ваков коалициски дил ќе значи и промена од нејзината позиција што би било преседан од невидени размери и нарушување на стабилноста на државата. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.