Инвестираме 121 милиони денари за замена на постоечките нееколошки системи за греење, за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 септември, 2019 15:49

ЗАЕВ: “ВЛАДАТА ИНВЕСТИРА ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ ЗА СИТЕ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи објави дека владата инвестира во почист воздух за сите граѓани во Република Македонија.

– Инвестираме 121 милиони денари за замена на постоечките нееколошки системи за греење, за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти, како и за инсталирање филтри во малите и средни претпријатија кои испуштаат штетни материи во воздухот, напиша тој.

Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Република Македонија, и заложба на Владата на Република Македонија.

Чистиот воздух е една од главните компоненти, кој, за жал, историски гледано во Република Македонија, во последните децении, бележи високи вредности, стои во соопштението на владата.

Аерозагадувањето е последица на многу фактори, и за да се намали, потребно е да се намалат емисиите на загадувачки супстанци од сите извори споменати во воведот.

Прв чекор кон решавање на проблемот со загадување е одредување на изворите на загадување. За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и други релевантни институции во изминатите години направија серија на анализа и студии за да утврдат во кој период од годината се јавуваат најголемите концентрации на загадувачки супстанци. Согласно овие студии најголемите пикови (највисоки концентрации), кога се анализираат просечните месечни или дневни концентрации, се јавуваат во текот на зимскиот период за време на грејната сезона. Ова е илустрирано во следниот графикон за ПМ2.5 честичките.

Сите анализи и наоди спроведени досега укажуваат дека греењето е најголемиот загадувач на воздухот и во Скопската котлина. Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со МЖСПП каде е пресметано дека дури 90% од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето (огревно дрво), стои во соопштението на Владата на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...