При промени на уставот и името на државата, коренито се менува идентитетот на Македонската нација, но тоа е тема за политиколози а не членови на бизнис заедницата

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 7:25

Заев ги меша правните акти Закон и Устав

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Идентитетот никој не може некому да му го земе. Не постои таков документ, договор спогодба, закон, устав или слично, станува збор за чувство, рече премиерот Зоран Заев на расправата за владиниот предлог за уставни измени во законодавниот дом.

Заев на забелешките на опозицијата дека била игнорирана за време на преговарачкиот процес, одговори дека се што можело да се сподели со опозицијата,  било кажано, а како доказ за тоа, потсети на неуспешиот обид да се најде решение со прелогот Илинденска Македонија.

Договорот беше веднаш објавен, по симнувањето на клаузулата за класифицирани информации. Споделивме се што можевме да споделиме. – рече Заев.

Тој додаде дека целта на Договорот со Грција е да се најде решение, да се закопаат секирите, да се помириме, и да најдеме простор за иднината, за соработката.

Да гледаме напред, идејата е навистина да направиме разграничување и оттука целата на оваа спогодба не претендира некому нешто да земе. Идентитетот никој не може некому да му го земе. Не постои таков документ, договор спогодба, закон, устав или слично. -им рече Заев на пратениците.

Премиерот објасни дека од македонска страна била барана потврда од Грција за македонскиот идентитет.

И затоа некаде провејува Македонци, македонски јазик, за да нема дилема кои сме, да бидеме признаени и во иднина кога ЕУ во извештаите ќе се обраќа кон нашиот народ, ќе се обрати до македонскиот народ, на македонски јазик, а не со вашиот народ и со вашиот јазик. – додаде Заев.

Премиерот објасни што дефинира членот 7 од преспанскиот договор.

Македонија и македонски во членот 7 од Договорот, дефинираат што е Македонија на нашата територија и дека немаме претензии, дека ниту ќе го освојуваме, ниту припојуваме северниот дел на регионот на Грција што го викаат Македонија со нашата Македонија. Правиме разграничување со тоа.

Истовремено Грците немаат проблем со македонски на нашата територија, за македонски јунак, македонски буквар, за македонски град, книга, град, нација, било што македонско. Тука е филозофијата за разграничување, немавме намера да навлегуваме во научни, историски или културолошки работи. Во Грција нема проблем со Стоби. Стоби е на наша територија и тоа е дел од нашата историја. – рече Заев пред пратениците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.