Заев ро решил проблемот со откупот

Објавил: Узунов Бобан | 30 мај, 2019 20:14

Заев изјави дека го решил проблемот со откупот, а земјоделците го фрлаат родот

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев, одговараше на пратенички прашања и во вториот дел од седницата во Собранието, посветена на пратенички прашања. 

Јаболкопроизводителите од Преспа во февруари протестираа на магистралниот пат Ресен – Битола, кај Макази поради тоа што 50.000 тони јаболка скапуваат во магацините низ цела Преспа. Деновиве јаболкарите во Ресен масовно ги исфрлаат јаболката од минатогодишната реколта. 

Премиерот Заев најави дека Владата е фокусирана да обезбеди решенија за пласманот на земјоделските производи, што е едно од важните прашања за приходите на земјоделците.Тој соопшти и што конкретно се прави во земјава за подобрување на условите за откуп и проширување на обемот.

„Откупно – дистрибутивните и преработувачките центри се многу важни. Ваков проект е почнат да се работи и тој проект јасно ја мапира реалната потреба каков тип на преработувачки капацитети и на откупни и дистрибутивни капацитети се потребни. Светска банка обезбеди 30 милиони евра да помогне во изведбата. Стартуваме ова лето со оваа програма, веруваме дека ќе максимaлизираме приноси на земјоделците, ако направиме и преработувачки капацитети и нови откупни дистрибутивни центри“, рече премиерот Заев, кој ги соопшти и другите мерки за решавање на ова прашање.  

Заев во предизборната кампања им ветуваше на земјоделците дека државата ќе формира интервентен фонд за земјоделството. До денеска нема формирано ваков фонд, а изминатата и оваа година илјадници тони сливи и јаболка земјоделците ги изфрлија поради немањето на пласман.

Во врска со имплементацијата на законот за отпис на долгови и камати, премиерот Заев, по пратеничко прашање, најави дека лично ќе се заложи за негова ефикасна имплементација, којашто е во тек, дека се во тек и разговори со ЕВН за што поширок опфат на граѓани, а со цел растоварување на граѓаните и олеснувања во егзистенцијална смисла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.