И пратеникот и потпретседател на СДСМ Зеќири со веќе кажани ставови на Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јули, 2018 12:21

Заев има кло[в]н – се вика Зеќири

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот и потпретседател од СДСМ Мухамед Зекири изјави дека денес со или без ВМРО – ДПМНЕ ќе биде распишан Референдумот а потврди дека истиот ќе биде одржан на 30-ти септември 2018 година.

Истите зборови кои јавноста веќе ги слушна од Заев.

“Имаа цели 11 години за да склучат Договор. Трагично но и смешно е да се слуша тоа дека ќе постигнеле подобар. Македонија нема друга опција освен да го усвои овој Договор и да биде членка на НАТО и ЕУ.” – изјави Зекири.

Зеќири намерно или на грешка направи пропуст и не појасни дека со Договорот ние ќе сме Република Северна Македонија а не Македонија но и нација која сама го брише сопствениот идентитет.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.