На настанот свои обраќања имаа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и претставникот на Европската банка за Северна Македонија, Анди Аранитаси.

Објавил: Перо Милчин | 4 јуни, 2021 20:38

Заев и Бочварски први возеа по новиот пат Штип-Радовиш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Од денес граѓаните ќе можат да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди.

Сакам да напоменам дека во последните триесет години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и силно верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза.

На настанот свои обраќања имаа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и претставникот на Европската банка за Македонија, Анди Аранитаси.

Премиерот Заев во своето обраќање рече дека  ова е пример како функционира Владата, Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со сите инволвирани страни во процесот.

„Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш има исклучително влијание врз развојот на економијата во овие три региони Штип, Радовиш и Струмица и придонесува за рамномерниот регионален развој, побрз транспорт на стоки, на услуги како и на луѓе. Модерната патна инфраструктура ќе биде од големо значење за сите граѓани, за студентите, за бизнис секторот, за земјоделците од Струмичкиот, Радовишкиот, Штипскиот и Кочанскиот регион, кои своите производи ги пласираат на пазарите во земјава и во странство. Експресниот пат, Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните на југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до главниот град, Скопје. Времето за патување возејќи прописно и безбедно – двојно се скратува“, подвлече Заев и додаде дека интензивно го градиме југоисточниот дел од нашата земја и продолжуваме да инвестираме во капиталните проекти за поврзување на татковината кои значат живот за македонската економија. 

Министерот Бочварски рече дека експресниот пат Штип-Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот ако се има во предвид дека овде работат околу 12 илјади мали и средни претпријатија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...