Наводни грешки при изградбата на модуларната болница и оштетување на системот за централен довод на кислород.

Објавил: Македонка Димкин | 9 септември, 2021 7:12

Заев и Филипче веднаш да си поднесат оставка!

Фото/Текст извор: ©arbnora memeti / dw

Додека форензичарите и обвинителите ги истражуваат причините за трагедијата во Тетово која однесе многу човечки животи, се отвораат прашања и за многу нешта кои се случуваа во болницата во последниот период.

Наводни грешки при изградбата на модуларната болница и оштетување на системот за централен довод на кислород. Од 15 април годинава, кога беше пуштена во употреба, до катастрофалниот пожар на 8 септември, кој однесе човечки животи, ковид-центарот во тетовската болница на двапати се најде во фокусот на јавноста.

Најпрво, на денот на отворањето на модуларната болница, економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми информираше дека се утврдени грешки при изградбата. Тој тогаш побара од фирмата изведувач да ги отстрани пропустите, иако претходниот ден имало примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница.

Грешките биле мали и требало да се санираат во рок од пет дена.

„Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба“, изјави Етеми пред неполни пет месеци.

„Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората  за азотен оксидол била свиткана“, информираше портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски. 

Една недела подоцна полицијата уапси 42-годишно лице од селото Желино како осомничен за оштетување на цевките во болницата. Нема информации за мотивот на осомничениот

По трагедијата во болницата на 8 септември, сѐ уште е рано да се каже дали проблемите утврдени при отворањето на болницата или инцидентот со уништените цевки на кој било начин придонесле за катастрофалниот пожар. 

Тендерот за изградба на 17 модуларни болници во земјава, меѓу нив и тетовската, минатата година ги доби велешката фирма „Брако“ заедно со валандовската „Ари и Том“. Преку заем од Светската банка, државата за таа намена им исплати 3,6 милиони евра. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хроника