– Премиерот Заев информираше и за финансиската поддршка предвидена преку Планот за економски раст за компаниите и за развој на нови иновативните проекти на младите луѓе.

Објавил: Перо Милчин | 21 јануари, 2019 18:43

Заев: “Мајкрософт е најсериозен партнер на Република Македонија”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата Владимир Цветковиќ денеска се сретнаа со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 држави од Централна и Источна Европа Анке ден Ауден.

Владината прес-служба соопшти дека на состанокот, беше заклучено дека соработката со оваа светски позната ИТ компанија ќе се продлабочува и во таа насока Мајкрософт до сега претставува најсериозен партнер на Република Македонија,посебно во процесите на дигитална трансформација и обезбедување на сајбер безбедност. 

Заев, како што се наведува во соопштението, ги информираше генералната менаџерка и претставниците на компанијата Мајкрософт дека оваа година е планирано намалување на данокот од добивка за информатиката и информациони технологии од 10 на три отсто и оцени дека оваа мерка заедно со нашето членство во НАТО ќе претставува доволен поттик за компании од ИТ секторот да ја препознаат Република Македонија како стабилна земја и долгорочна бизнис дестинација и да реализираат нови инвестиции во Република Македонија.

– Со нашето зачленување во НАТО се зголемува потребата, но и наша обврска е да работиме на зголемување на безбедноста и сигурноста на сајбер просторот. Во тој процес исклучително важна е помошта што Мајкрософт како водечка ИТ компанија во светски рамки може да и ја пружи на Република Македонија, порача премиерот Заев.

 Целта е да се поттикне креативноста на младите луѓе да создаваат, да ги препознаат новите перспективи што се отвораат со членството на земјата во НАТО и да почувствуваат сигурност од државата и мотив да останат, живеат и работат во Република Македонија, се вели во соопштението од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.