На средбата се истакнати добрите, пријателски односи меѓу двете земји, коишто одат во нагорна линија, како на политички и економски план, така и во делот на правниот систем и правосудството.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 18:34

ЗАЕВ: “Многу сме посветени на изградбата ПРАВНА ДРЖАВА„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за правда, Рената Дескоска и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски денеска се сретна со делегација на Уставниот суд од Република Бугарија, предводена од претседателот Борис Велчев, а придружувани од нивните домаќини, претставници од Уставниот суд на Република Македонија и претседателот, Никола Ивановски.

Како што соопштија од владината прес-служба возвратната посета на делегација од бугарскиот Уставен суд, по посетата на делегација од Уставниот суд на Република Македонија, на Република Бугарија, е посочена како важна во делот на размената на позитивни искуства меѓу двата суда за местото и улогата на уставните судови во изградбата на демократски општества.

На средбата се истакнати добрите, пријателски односи меѓу двете земји, коишто одат во нагорна линија, како на политички и економски план, така и во делот на правниот систем и правосудството.

Денеска беше оценето дека од исклучителна важност е автономноста на Уставниот суд и на правосудството во изградбата правна држава и обезбедување владеење на правото.

-Од голема важност е улогата на Уставниот суд во заштитата на човековите права, како темелна уставна вредност, во развојот на демократските процеси и во почитувањето на законите од страна на сите во државата. Посветени сме на изградбата правна држава и во таа насока сме поставени кон работата на Уставниот суд и во реформскиот процес којшто има за цел да обезбеди независен и професионален правосуден систем, изјави премиерот Заев.

На денешниот состанок беше изразено очекување дека по отворените НАТО интеграции, Република Македонија ќе ги почне заслужените европски перспективи со скорешно добивање датум за почеток на преговорите, со што соработката ќе биде проширена и на европско ниво, покрај добрите билатерални односи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.