По неговата изјава се огласи и новинарот Бранко Героски кој беше еден од оние кои го разоткри пред јавноста случајот Рекет.  Героски на својот Фејсбук профил напиша дека Заев потврдил дека во случајот на 1ТВ имало скриена сопственост.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2019 10:30

Заев: „Обвинител и газда на провладин медиум се во притвор, со „Рекет“ ќе ја зголеми довербата„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју за магазинот Детектор на ТВ „Сител“ изјави дека заокружувањето на истрагата во случајот „Рекет“ ќе ја зголеми довербата на граѓаните во институциите и политичарите.

 – Според мене ќе остане печатот на зголемена доверба кон институциите и политичарите. Заради тоа што навистина претставува случај каде што недвојбено, без резерва на било кој се става силен печат на независноста на правосудниот систем, во овој случај на Јавното обвинителство. Растеретено од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција. Самиот случај покажува дека има еве обвинител во притвор, газда на медиум, провладин, така да го кажам во притвор. Сето тоа е сериозна порака дека институциите, без разлика кој се инволвирал, за кој што постојат индиции за одредена инволвираност во одредени кривични дела треба да си одговара и ќе си одговара во државата. За мене тоа е многу значајно“ – вели Заев во интервјуто за магазинот Детектор.

Бранко Героски се огласи по изјавата на премиерот Зоран Заев

По неговата изјава се огласи и новинарот Бранко Героски кој беше еден од оние кои го разоткри пред јавноста случајот Рекет.  Героски на својот Фејсбук профил напиша дека Заев потврдил дека во случајот на 1ТВ имало скриена сопственост.

-Еве, премиерот Заев ни потврди дека во случајот на 1ТВ имало скриена сопственост. Дека Бојан Јовановски е газда на медиум, па уште и на „провладин“. Неверојатно. Инаку, приказната за скриената сопственост во медиумите со ова не е завршена…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.