Огнот најпрвин зафатил четири продавници на приземјето и се проширил кон првиот кат и пазарот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 јануари, 2021 13:37

ЗАЕВ ОД СТРУМИЦА: Сите заедно ќе се здружиме и ќе помогнеме – Владата стои на располагање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во моментов се наоѓа во посета на Струмица поточно во трговскиот центар “Глобал” кој синоќа го зафати голем пожар!

Огнот најпрвин зафатил четири продавници на приземјето и се проширил кон првиот кат и пазарот.

По повеќечасовна борба, пожарот е изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее и повремено се појавуваат мали пламени јазици!

Огнот најпрвин зафатил четири продавници на приземјето и се проширил кон првиот кат и пазарот.

Премиерот при посетата излави дека заедно со Владата на РМ, ќе се обидат да ги санираат материјалните штети!

Ќе обезбедиме парични средства од Владата, општина Струмица, секој ќе помогне на некој начин, рече премиерот! Сите заеднички ќе помогнеме!

Пожарот кој ноќва го зафати трговскиот центар Глобал во Струмица е изгаснат рано утринава, но изгореа над десет продавници и голем дел од пазарот, кој се наоѓа во средишниот дел.

Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е изгаснат, но се уште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета, објави денес градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Тој испрати голема благодарност до пожарникарите од Струмица и нивните колеги од Кавадарци, Радовиш, Штип и Валандово, како и за вработените во ЈПКД „Комуналец“, за несебичната пожртвуваност и натчовечките напори коишто ги покажаа во гаснењето на пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.