Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2020 21:36

Заев по втор се тестираше за коронавирус-тестот негативен!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој беше во самоизолација откако имаше контакт со заболен новинар од Коронавирус денеска ја извести јавноста дека направил втор тест кој исто како и првиот е негативен.

Заев беше во самоизолација откако имаше интерву со заразен новинар од Канал 5 телевизија…

Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.

Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.

Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.

Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.

Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.

Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри – #, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.

Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.

Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.