Генерал Скапароти по приемот кај премиерот Заев ќе ја напушти Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 17:05

Заев – Скапароти “Членството во НАТО е перспективна иднина за Македонија ама Северна ако е”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

“Членството во НАТО овозможува перспективна иднина за државата – тоа ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот и на поширокиот регион.” – заклучија денеска премиерот Зоран Заев и врховниот командант на НАТО силите за Европа и командант на Командата на американските сили во Европа генерал Куртис Скапароти средба во Скопје.

Заев изрази благодарност за поканата за прием во Северноатлантската алијанса истакнувајќи дека оваа значајна одлука на сојузниците на НАТО покажува дека Алијансата е силна и посветена на политиката на отворени врати.

На средбата беше истакнато дека потпишувањето на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција е позитивен пример за земјите од целиот регион на Југоисточна Европа во насока на решавање на отворените прашања за унапредување на добрососедските односи што придонесува кон продлабочување на економската соработка и обезбедува напредок.

Генералот Скапароти го покани Заев да ја посети централната команда на НАТО во Монс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.