Двете земји ќе ја зајакнат соработката со приклучување кон договорот за набавка на противтенковско оружје од шведскиот производител на оружје Сааб динамикс, пренесува Ројтерс.

Објавил: Перо Милчин | 18 мај, 2022 20:34

Финска и Шведска заедно ќе купуваат оружје

Фото/Текст извор: ©mkd

Двете нордиски земји денеска официјално поднесоа барања за приклучување кон НАТО, кои Турција веднаш ги блокираше!

Финска и Шведска заеднички ќе купуваат преносно огнено и противтенковско оружје, соопшти денеска финското Министерство за одбрана, додека двете нордиски земји поднесоа барања за приклучување кон НАТО-пактот.

Двете земји ќе ја зајакнат соработката со приклучување кон договорот за набавка на противтенковско оружје од шведскиот производител на оружје Сааб динамикс, пренесува Ројтерс.

Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен, исто така, одобри подготовки за заедничко купување огнено оружје од мал калибар, вклучително и јуришни пушки и оружје за лична заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.