По најавите за посета на српскиот претседател на Косово, претседателот на косовското Собрание со продокации дека дозволата за посета може да биде укината кога ќе посакаат

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 12:44

Закани за Вучиќ дека ќе му биде забранет пристап на Косово

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Приштина му се издаде дозвола за посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Косово, но оваа одлука, во случај на дестабилизација, може да се смени, вели претседателот на косовското Собрание, Кадри Весељи.

Ако одлучиме да не дојде, Вучиќ нема да влезе во Косово, вели Весељи.

Тој се закани дека ако Вучиќ дојде без дозвола, ќе помина исто како Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, кој беше уапсен во Митровица пред неколку месеци, откако влезе во Косово без дозвола на Приштина.

Нека се обиде да дојде без дозола, знае како помина оној другиот (Марко Ѓуриќ), вели Весељи.

Според него, и да дојде Вучиќ нема што да бара на езерото Газиводе.

Не сакам да стојам пред вас, да се правам поголем или помал патриот, сакам да направам консензус. Кога беше времето да се оди против агресорот, тогаш го сторив тоа. Она на што мислиме е состојбата на нашите сограѓани, поради кои тоа го правиме, со нашата позиција на суверена и независна држава, со либерализацијата на визниот режим, со нашите меѓународни партнери. Ако оваа ситуација е поинаква, нивната нога не би стапнала на Косово, изјави Весељи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го посети Косово и Метохија на 8 и 9 септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести