ЌЕ ПОНЕСАМ ОДГОВОРНОСТ АКО СЕ УТВРДИ МОЈА ВИНА ВО СООБРАЌАЈКАТА КАДЕ ПОВРЕДЕН БЕШЕ МОТОЦИКЛИСТ

Објавил: Македонка Димкин | 29 мај, 2019 23:51

Заменикот министер Лазовски преминал преку две полни линии се надева дека не е виновен?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ако се утврди моја вина ќе сносам одговорност, во телефонски разговор ни посочи заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, по денешната сообраќајната незгода помеѓу неговото службено возило пежо и моторциклист.

Тој на барање на ТВ24 потврдил за инцидентот кој што денес попладнево се случи на крстосницата кај Собранието и Градска болница „Наум Охридски“ и рекол дека за среќа возачот на моторот поминал со полесни повреди и дека по укажаниот преглед во Градската болница е пуштен на домашно лекување. Неофицијално и според фотографиите кој ги објавија дел од медиумите, Лазовски додека вртел полукружно на две полни ленти во неговиот автомобил удрил моторциклист. Тој меѓувреме се оглси и на неговиот фејсбук профил

„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност.“ – напиша Лазовски на фејсбук.

Од Министерството за внатрешни работи кои потдврија дека имало сообраќаен инцидент меѓу возило пежо и мотоциклист, најавија и детали за сообраќанјата незгода по завршување на увидот.

Од министерство за здравство не информираа дека и двајцата учесници во сообраќајната несреќа поминале со полесни повреди. Заменик министерот за култура Владимир Лазовски пред да стапи на оваа функција работеше како актер во Театарот за деца и младинци. Минатата година актерот Драган Спасов-Дац си поднесе оставка од функцијата директор на Македонскиот народен театар, по сообраќајната незгода во која што возејќи под дејство на алкохол удри во пешак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.