Во Јужна Кореја за корупција се оди во затвор а кај нас се оди на работа во Влада

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 10:44

Затворската казна на експретседателката на Јужна Кореја продолжена на 25 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Судот во Јужна Кореја и ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка на земјата Парк Геун хие на 25 години. Таа е обвинета за корупција и минатата година беше сменета од власт.

Судот и ја продолжи казната затоа што било докажано дека Парк склучила договор со пријателка со цел да и овозможи да прими десетина милијарди јужнокорејски вони. Судот и наложил на Геун хие да плати казна од 20 милијарди вона или 17.8 милиони долари.

Друг суд во јуни ја осуди Геун хие на осум години затвор а таа е првата демократски избрана јужнокорејска претседателка која била принудена да замине од функцијата.

Геун хие (66) е во затвор од март минатата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.