Објавен протоколот кој каде ќе биде за одбележувањето на Денот на Републиката – 2 август Илинден

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јули, 2018 12:47

За Илинден Иванов во Крушево – Заев во Пелинце а Џафери во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Ѓорге Иванов оваа година за Илинден ќе биде во Крушево на Мечкин камен.

Тој на манифестацијата Илинденски марш ги повика граѓаните на Република Македонија во што поголем број да се искачат на Мечкин камен во првата Македонска Република.

“Ги повикувам македонските граѓани од сите краишта на нашата татковина Република Македонија –  во што поголем број да дојдат во Крушево. Да дојдат во нашата прва Македонска република – да се искачат на Мечкин Камен – за заедно да ги пречекаме овие храбри и посветени коњаници. Да ги пречекаме и да го поздравиме нивниот истраен и незапирлив марш кон слободата. Бидејќи слободата не се освојува еднаш засекогаш – туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг и низ секој изгрев што нè осветлува” – повика претседателот.

Премиерот Зоран Заев ќе биде во Пелинце а Талат Џафери ќе остане во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.