За Собранието 1.3 милиони евра затоа што независно од него Владата сама ќе си води своја информативна кампања со пари за кои не се знае ништо сем дека ќе бидат од Буџетот на РМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 19:02

За Собранието 1.3 милиони евра Владата не открива колку таа ќе троши за пропаганда?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата ја објави сумата која успеала да ја собере од министерствата и државните органи за пропаганда за промоција на Референдумот за промена на името. Собрани се 1 милион и 300 илјади евра кои ќе му бидат доставени на Собранието на Македонија на користење.

Имено само 2 министерства успеале да најдат вишок пари. Министерството за одбрана од каде министерката Шекеринска ќе финансира 1 милион евра пари за кои тврди дека се од посебен фонд за НАТО а не за развој на Армијата на Македонија и Министерството за информатичко општество и јавна администрација од каде министерот Манчевски најде 300.000 евра.

Министерството за информатичко општество и јавна администрација деновиве е на повик за исплата на пет заостанати плати во дел од државните институции.

Пропагандата за промоција на Референдумот преку Собранието на Македонија во 77% ќе е финансирана од ресорот на Шекеринска а останатите 23% се од Манчевски.

Сепак ова е сума за Собранието на Македонија имено Владата била штедлива затоа што независно од Собранието ќе си води своја информативна кампања која “сама” ќе си ја финансира со пари од Буџетот.

Од Владата наведуваат низа ставки како ќе се одвива кампањата ама само за една или комуникација преку социјалните медиуми ќе издвојат 400 илјади денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата без да наведат колку вкупно ќе чинат и теренските посети – јавни настапи и неформални средби.

Како е можно Владата на иста седница да издвои 670.000 евра за цвеќе што е 51% од вкупната сума пари предвидени за пропаганда и промоција на Референдумот преку Собранието не е јасно?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести