Во земјотресите во Ломбок животот до сега го загубија 130 жители

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 8:52

За 10 дена трет земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силен земјотрес со интензитет од 6.2 по Рихтер го погоди индонезискиот остров Ломбок каде во неделата имаше земјотрес од 6.9 степени по Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 12 км и епицентар во североисточниот дел од островот. Тоа е трет силен потрес во Ломбок за нешто повеќе од една недела.

Локални медиуми јавуваат за урнати објекти.

Во претходниот потрес загинаа најмалку 130 луѓе додека десетици илјади се без покрив.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести