Од СВР Струмица поднесоа кривична пријава против три – Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од радовишкото село Ораовица и Ј.В.(58) од Радовиш, поради злоупотреба на службената положба.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 јули, 2019 12:49

Злоупотреба на службената положба: Три лица добија кривични пријави, го оштетиле буџетот на ЈП „ Македонски шуми“!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што се наведува во соопштението на МВР, во текот на 2015 година првопријавениот како директор на Шумското стопанство „Плачковица”-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово.

Од СВР Струмица поднесоа кривична пријава против три лица – Љ.П.(37) од Радовиш, Ц.Л.(62) од радовишкото село Ораовица и Ј.В.(58) од Радовиш, кои со злоупотреба на службената положба и овластување го оштетиле буџетот на на ЈП „Македонски шуми” за 4.609.482 денари.

Како што наведе МВР во своето соопштение, во текот на 2015 година првопријавениот како директор на Шумското стопанство „Плачковица”-Радовиш, и второпријавениот, како референт за приватни шуми во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите издале одобрение за сеча на правно лице од Куманово.
Третопријавениот, како референт за сеча и превоз во наведеното правно лице, спротивно на Законот за шумите, издал испратници за транспорт на дрвна маса на правното лицето од Куманово, кое не било регистрирано во регистарот за правни лица кои вршат промет со дрва и дрвни сортименти.

Со оваа постапка, пријавените му овозможиле на сопственикот на правното лице од Куманово да се стекне со противправна имотна корист од 4.609.482 денари на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми, беше наведено во соопштението на МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.