Реакции од општинскиот комитет на ДПМНЕ во Битола

Објавил: admin@magazin | 13 јуни, 2018 11:02

Зоран Илиевски повикува на бојкот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Секретарот на општинскиот комитет во Битола, Зоран Илиевски, ги повика актуелните пратеници од Битола од редовите на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ јавно да се изјаснат дали се за промена на името и дали во договор со СДСМ свесно го реализираат сценариото за обезбедување на потребниот цензус за референдумското изјаснување. Имено, освен што е потребен поголем број гласови, подеднакво важно е дали ќе биде надминат цензусот за излезеност на гласачите.

„Позз до пратениците Зоран Илиоски / Лилјана Кузмановска од Битола од ВМРО ДПМНЕ јас лично а и многуте од тука не ве гласавме за да бидете пратеници во Северна Македонија. Очекувам лично јас а и поќето граѓани на Битола и Македонија бојкот на Собранието од Вас лично и од цел состав на пратеници од ВМРО ДПМНЕ“, вели Илиевски на својот фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.