Зоран Илиоски, денеска на собраниската Комисија за уставни прашања истакна дека после завршување на процесот со уставните измени, ние нема повеќе да бидеме Mакедонци

Објавил: Перо Милчин | 10 ноември, 2018 21:05

На уставната Комисија помина и третиот амандман

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Комисијата за уставни прашања денеска го потврди и третиот нацрт-амандман со кој Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независнот на соседните држави.

После завршување на процесот со уставните измени, ние нема повеќе да бидеме Mакедонци, нема да бидеме Република Македонија, ние ќе бидеме Република Северна Македонија,  истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, денеска на собраниската Комисија за уставни прашања.

Владејачкото мнозинство тврдеше дека со амандманот 35 се потврдува дека Македонија и Грција немаат територијални претензии и дека го почитува нивниот суверенитот, територијалниот интегритет и политичка независност. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак,сметаат дека амандманот е непотребен и дека треба да се тргне, зашто Македонија нема никакви претензии кон Грција.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во образложението на амандманот рече дека со овој амандман се зацврстува довербата и се гарантира непроменливоста на границата со Грција.

Пратеникот Зоран Илиоски, исто така праша дали е предвидено и Грција да го смени Уставот и да вметне ваква одредба.

Димитров одговори дека не е тајна оти во Договорот од Преспа не е предвидено и Грција да вметне ваква одредба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.