Милевски денеска е уапсен во еден скопски ресторан.

Објавил: Перо Милчин | 15 јули, 2019 20:32

Зоран Милевски Кичеец со лисици на раце изведен пред истражен судија на распит!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зоран Милевски Кичеец вечерва е изведен пред истражен судија и дава исказ за случајот по пријавата на ОЈО. 

Зоран Милевски Кичеец со лисици на раце вечерва е спроведен на распит пред истражен судија. Милевски денеска е уапсен во еден скопски ресторан.

Бизнисменот Зоран Милески – Кичеец откако денеска е приведен во еден познат скопски ресторан донесен во кривичниот суд.

Кичеец и Боки 13 убедувале осомничено лице во истрага, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката.

За тоа барале награда од 8 милиони евра, но подоцна сумата била спуштена на 5 милиони евра, од кои примиле 1,5 милиони евра. Остатокот договориле да се исплаќа на рати во период од четири месеци.

Првоосомничениот или Боки 13, се товари и за перење пари, а парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека.

Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.