Иванка Трамп без градник застанала пред српскиот потпретседател и министер Ивица Дачиќ, оваа фотка експресно станала хит во светот.

Објавил: Весна Петровска | 24 септември, 2019 16:03

ИВАНКА ТРАМП ГИ СТАВИ ГРАДИТЕ НА ТАЦНА ПРЕД ДАЧИЌ -светот зборува за оваа фотографија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Иванка Трамп топ тема во свестските медиуми по средбата со српскиот дипломат Ивица Дачиќ.

Фотографијата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ и ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп осамна по сите социјални мрежи.

Иванка Трамп без градник застанала пред српскиот потпретседател и министер Ивица Дачиќ, оваа фотка експресно станала хит во светот.

Шефот на српската дипломатија учествува во Њујорк на 74- заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации каде се разговара на највисоко ниво на тема „Глобален повик за заштита на верската слобода“ во организација на САД.

Со собирот претседава американскиот претседател Доналд Трамп, токму на овој собир Дачиќ се сретнал со Иванка Трамп.

За потсетување, речиси 200 водачи ќе се соберат на најистакнатата светска дипломатска сцена во петте дена говори, стотици состаноци – и судири околу климатските промени, Иран и трговијата.

Годишното Генерално собрание на Обединетите нации оваа недела ќе се одвива на фонот на кризи – од загревањето на планетата, преку економската неизвесност, до разгорувањето конфликти што се закануваат дополнително да ги вплеткаат Соединетите Држави во немирниот Блиски Исток.

Трговските војни, миграцијата, снабдувањето со енергија, климатските промени и искоренувањето на сиромаштијата се основните теми на агендата на Генералното собрание од 193 члена. Но постапките на администрацијата на Трамп, кој понекогаш изразуваше презир кон меѓународните институции како Обединетите нации, создадоа заеднички именител, вели Њујорк тајмс.

„Сите главни теми за кои мислам дека луѓето ќе разговараат по ходниците се поврзани со: каква е американска политика?“, вели Џефри Д. Фелтман, американски ветеран дипломат и поранешен генерален потсекретар на Обединетите нации за политички прашања.

Некои водачи не доаѓаат, особено претседателите Си Џинпинг од Кина и Владимир В. Путин од Русија, како и Бенџамин Нетанјаху, критикуваниот премиер на Израел. Не се очекува ни претседателот Николас Мадуро од Венецуела, кого администрацијата на Трамп и околу 50 други влади го сметаат за нелегитимен лидер.

600 средби и свет полн со конфликти – започнува Генералното собрание на ОН

Но ќе присуствува една истакната личност, претседателот Володимир Зеленски од Украина. Украинскиот лидер планира да се сретне со претседателот Трамп, во услови на зголемена загриженост дека лидерот на Соединетите Држави му вршел притисок за американски домашни политички прашања.

Исто така, се поставува прашањето што може владите, особено онаа на Пакистан, да кажат за тоа што Индија му го одзеде автономниот статус на Кашмир. Во неделата Трамп се појави со премиерот Нарендра Моди од Индија во Хјустон на митингот наречен „Хауди, Моди!“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.