Првпат по иницијатива на Република Македонија, минатата недела се одржа состанок на директорите на агенциите за разузнавање

Објавил: Магазин | 27 април, 2018 20:40

Иванов, Китаровиќ и Пахор ги пречекаа лидерите на земјите учеснички на Брдо-Бриони

Фото/Текст извор: ©

Започна средбата на претседателите од земјите од Западен Балкан во рамките на Процесот Брдо-Бриони по официјалниот пречек од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор.

На средбата, чии домаќини се Иванов, Китановиќ и Пахор, учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Албанија, Илир Мета, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбговиќ, претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Почесни гости годинава се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Средбата на лидерите предвидено е да трае околу 2 часа, по што ќе следува заедничка прес-конференција.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички е потребата за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла, а во контекст на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан.

Во рамките на Процесот Брдо-Бриони, првпат по иницијатива на Република Македонија, минатата недела се одржа состанок на директорите на агенциите за разузнавање на земјите учеснички во Процесот, на кој се дискутира за безбедносната поврзаност како сегмент на регионалната соработка. Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.