Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава, порача Ѓорге Иванов.

Објавил: Перо Милчин | 2 август, 2019 20:38

ИВАНОВ: “Македонија не е приватна сопственост некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности, порача поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод празникот Илинден порача дека Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал и дека слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.

-Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува. Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал. Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Честит Илинден, Вечна Македонија, порача Иванов.

Ѓорге Иванов е македонски политичар, универзитетски професор и поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година.

На функцијата стапил на 12 мај 2009 откако победил на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат бил избран во 2014 година. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.