Георгиевски како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври го освои потребниот број на гласови.

Објавил: Перо Милчин | 28 октомври, 2021 7:03

Георгиевски ја презеде функцијата градоначалник на општина Илинден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во општина Илинден вчера официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.

Георгиевски како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври го освои потребниот број на гласови.

Веднаш по примопредавањето на функцијата, тој одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени.

Тој истакна дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.