Исламската верска заедница во Македонија повика на масовна излезенос на референдумот за промена на името, затоа што НАТО им го гарантирал мирот, најверојатно оној духовниот

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 9:25

ИВЗ повика на масовна излезеност на референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Исламската верска заеднца во Република Македонија, очекувано, со спротивен став од МЦП – ОА, ги повика верниците масовно да излезат на претстојниот референдум.

Ријасетот ќе ги задолжи сите свои структури, органи, институции како и своите вработени да бидат во постојан контакт со муслиманските верници во земјата, да ја објаснат историската пресвртница што ќе произлезе од нивното масовно гласање за интегрирање на Македонија во структурите што се гаранција за мирот, заедништвото и перспективата на земјата и општеството во целост.

Нашиот глас за ќе ги отстрани засекогаш целите на одредени партии и разни структури што ја целат власта за да демонстрираат политичка, верска и етничка супериорност.

Македонија во НАТО е крај за ретрогардните цели, за безнадежноста и за уништувањето на нашата заедничка Македонија, се вели во соопштението по повод седница на ријасетот на Исламската верска заедница во Република Македонија.

Она што не е јасно е дали ИВЗ знае што е НАТО и какви тоа поволности може воен сојуз да и понуди на верска заедница?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.