Османи им се пофали на ОБСЕ / ОДИХР дека до претседателските избори, Македонската влада ќе ги заврши изборните реформи, неофицијално кандидат на СДСМ и ДУИ ќе е Арифи

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 8:52

Изборните реформи ќе финишираат со претседателските избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Изборните реформи ќе бидат имплементирани навреме за претстојните претседателски избори, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Османи ова го истакна за време на средбата со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која.

На почетокот на состанокот, Османи ја потенцираше важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во поддршка на реформските процеси на Владата, при што додаде дека Мисијата на ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото.

Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период, и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претседателските избори на пролет, се наш приоритет.– истакна Османи, посочувајќи и на останатите реформи кои и претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската Комисија во април следната година.

За време на разговорот соговорниците се осврнаа и на поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите и граѓанскиот сектори.

Стана збор и за актуелните предизвици, односно за имплементација на Планот 18, предизвиците околу создавањето политичка поддршка за имплементацијата на уставните измени, подготовка на придонесот на земјава кон извештајот на Европската Комисија, како и за сите останати активности поврзани со европските интеграции.

Според партиски информации, Заев сепак кандидатското место за иден претседател им го отстапил на ДУИ, со ветена поддршка, од ДУИ неофицијално информираат дека во моментов само Теута Арифи е потенцијален кандидат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести