Иако по изјавата на премиерот Зоран Заев дека согласно Договорот од Пржино тој ќе се повлече од функцијата на 3 јануари во јавноста почна да се шпекулира дека негов заменик ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, сепак партиските извори за ТВ21 велат сосема поинаку.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 21:56

Извори на СДСМ тврдат дека Николовски ќе биде технички премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според партиски извори на ТВ21 најверојатно за технички премиер ќе биде назначен генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има положен правосуден испит. За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа. Николовски има сертификат за овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред ДЗИС 2012. 

Иако по изјавата на премиерот Зоран Заев дека согласно Договорот од Пржино тој ќе се повлече од функцијата на 3 јануари во јавноста почна да се шпекулира дека негов заменик ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, сепак партиските извори за ТВ21 велат сосема поинаку.

Спасовски, според изворите на ТВ21 е потребно да остане во министерството како дополнителен заменик министер, како и министерката за труд и социјала Мила Царовска.

Од СДСМ велат дека одлука ќе биде донесена на седница на Централниот одбор на партијата.

Според Договорот од Пржино усогласен во 2015 година меѓу 4 политички партии, изборите ги спроведува техничка Влада  по претходна оставка на премиерот но оваа позиција останува кај владејачката партија која предлага технички премиер. Опозицијата ги добива министерските места за внатрешни работи и за труд и социјална политика, каде што покрај постојните се именуваат и дополнителни заменици министри.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.