Орбан ќе гради нови барикади за мигрантите на унгарската граница

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 5 март, 2020 9:48

ИЗЈАВИТЕ НА ОРБАН ОТКРИВААТ- Црно сценариот за Македонија во справување со напливот на мигрантите

Фото/Текст извор: ©магазин

На состанокот на лидерите на земјите од Вишеградската група, меѓудругото се зборуваше и за начинот на кој земјите ќе се справуваат со новиот наплив на мигранти, чиј влез во Грција е најавен за скоро. Се очекува скоро 130.00 мигранти да излезат од Турција и преку воден пат да пристигнат во Грција. Европската Унија е децидна дека влезот на мигрантите треба да се спречи и дека територијата на Европската Унија засега не е подготвена да биде прибежиште на нови мигранти. По тој повод Европската Унија најави донација од 700 милиони евра за Грција како поддршка во справување со мигрантите на водените граници со Турција.

Унгарија е децидна дека влез на мигрантите во своја територија нема да дозволи дури и да бидат пропуштени на јужните граници

Во 2015 и 2016 година, Унгарија направи силна барикада околу своите јужни граници и со тоа го спречи влезот на мигрантите на унгарска територија.

Од почетокот на мигрантската криза па се до денеска се потврди дека Унгарија воведува најрадикални мерки за штитење на своите гранични премини. Во 2015 и 2016 година, Унгарија беше ѕидот на Евопската Унија и поради оневозможеноста да влезат на европската територија, мигрантите беа заглавени пред унгарските граници. Унгарија и овој наплив на мигранти го очекува подготвена согласно наводите на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој најави дека новиот наплив на мигранти е преголемо оптеретување за Европска Унија и е дециден дека Унгарија нема да ги прифати мигрантите, ниту да им дозволи премин преку нивна територија. Орбан апелираше до грчките власти да се потрудат да го спречат влезот на мигрантите по секоја цена, но ако јужните граници не го спречат движењето на мигрантите кон Унгарија, тогаш на унгарската граница, тие ќе се соочат со цврста и непопуслива барикада.

Државите од Балканот можно е да бидат најзасегнати со новиот бран на мигранти 

Засега Македонија не беше силно засегната со Европската Мигрантска Криза, бидејќи земјите од Балканот беа само транзитни подрачја за мигрантите. Ретко кој од мигрантите изразува желба да се задржи во државите од Балканот. Но со оглед на новонастанатата ситуација и затворање целосно на границите од Унгарија, доколку се пропуштат мигрантите во Грција, тие можат да бидат заглавени во државите од Балканот.

Тоа ќе предизвика сериозна криза на државите од Балканот бидејќи нивните капацитети за справување со мигрантите се ниски, а со однос на тоа што не се членки на Европска Унија, поддршката за јакнење на нивните капацитети ќе биде значително послаба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.