Италија се закани дека ќе ги затвори аеродромите откако во новински извештаи се појави информација дека јужната германска провинција Баварија се подготвува за масовна депортација на мигранти на италијанска територија.
Ако некој во Берлин или во Брисел планира да ни ирпати десетици мигранти со неовластени чартер летови, тој мора да биде свесен дека нема да има аеродром што ќе биде на располагање, рече италијанскиот министер за внатрешни работи. – Матео Салвини.
Салвини за кој се очекува на следните избори да биде нов премиер на Италија не застана тука.
Ние ги затвораме аеродромите исто како што веќе ги затворивме пристаништата. – рече тој.
Официјални лица на аеродромот во Минхен изјавија за ДПА дека баварските власти ја планираат првата депортација во Италија во текот на следните денови, во која ќе бидат вклучени и мигранти кои пристигнале на германската граница, но првично се регистрирани во Италија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.