Поранешниот, сега пензиониран терорист на ОНА, сега претседател на политичкото крило наречено ДУИ, Али Ахмети, се "загрижи" за зачувување на Македонскиот идентитет

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 7:39

И Ахмети убедува дека Македонците нема да го изгубат идентитетот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 30-ти септември пред се граѓаните ќе гласаат за за мир, стабилност и подобра иднина.

Ова е пораката која ја прати во пресрет на референдумот од Тетово претседателот на ДУИ, Али Ахмети. 

Ахмети како и Заев, ја повика опозицијата да се приклучи во кампањата за подобри меѓуетничките односи.

Според него овој референдум е важен и обединувачки за Македонците и Албанците затоа што за првпат тие имаат заедничка кауза за зачленување во ЕУ и НАТО, а дека не е  вистина мислењето на некои Македонци дека ќе го загубат идентитетот, културата и јазикот.

“Со зачленувањето во НАТО и ЕУ нашата држава се засилува, идентитетот се зацврстува додека надвор од НАТО и ЕУ оваа држава не ни може да преживее.” – посочи Ахмети.

Ахмети терористот и Ахмети политичарот, никако да се договорат дека манифестирањето на селективна меморија е еден од сиптомите на шизофренијата со која се бори веќе 20 години.

Војната во 2001-ва година не ја започнаа македонските безбедносни сили туку терористите на ОНА и УЧК-а. Референдумот нема врска со подобри или полоши меѓуетнички односи, Ахмети мислеше само на насилно имплементирање на Законот за употреба на јазиците. Македонија ако се имплементира Договорот од Преспа никогаш веќе нема да е држава на Македонци. И Ахмети тоа одлично го знае.

Но можеби најбитното. Македонија не е во ЕУ ни НАТО 27 години, па преживеавме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.