По изјавите на сведоците, во Управата за безбедност и контраразузнавање, очигледно низ годините било повеќе традиција отколку криминал да се прислушкува за партиски и лични цели

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 10:00

И Верушевски побарал да се снимаат броевите на Груевски и Мијалков

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Судскиот процес за нелегалното прислшкување преминува во правно фијаско, во УБК прислушкувал кој сакал и кога сакал.

Зоран Верушевски, по вадењето на телефонските разговори, побара, доколку може, да се маркираат, односно да се внесат во системот за прислушување броевите на тогашниот премиер Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Ова барање Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски одбиле да го исполнат.

Нам не ни падна на памет да направиме такво нешто бидејќи се што се маркира останува како траен запис кај операторите што беа контролирани. Не сакавме да маркираме бидејќи не сакавме да направиме криминал. – вели Лазаревски.

Како што тврди, селектирањето на материјалите го правеле Верушевски и Костовски, а тој само пренесувал пораки меѓу нив.

Дисковите првично биле предавани двапати неделно, а потоа дошло до прекин поради летниот период. Од септември повторно продолжиле со префрлување на информациите.

Зоран Верушевски во 1998 година станал за прв пат директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, но по промена на власта, тој бил разрешен.

Во 2002 година, по победата на СДСМ на Парламентарните избори, Верушевски бил по втор пат назначен за директор на УБК.

Претходно, во 2001 година избувнала т.н. „Афера Прислушкување“, а како главен и одговорен кој успеал да ги земе материјалите со прислушкуваните разговори бил токму Верушевски, кој подоцна му ги предал материјалите на Бранко Црвенковски.

На 23 јануари 2015 година бил уапсен во т.н. полициска акција „Пуч“ под сомнение дека нелегално поседувал оружје и детска порнографија. Подоцна, на Верушевски му бил продолжен притворот под сомнение за шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи.

Освен Верушевски, во акцијата била приведена и неговата сопруга која му помагала при извршувањето на делата, како и локален функционер од Општина Струмица, додека лидерот на опозицијата Зоран Заев бил обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.