Политичките лидери од Прешевската Долина на консултации во Тирана

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 6:51

И за Прешевската Долина ќе има Тиранска платформа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Демократската партија на Албанците Рагми Мустафа и негови колеги од другите политички партии на Албанците од јужниот дел на Србија познат и  како Прешевска Долина ќе престојуваат во Тирана.

Тие ќе разговараат со премиерот Еди Рама и со министерот за надворешни работи Димитир Бушати за актуелната резолуција за прашањето за Косово.

Најавено е дека лидерите на политичките партии на Албанците во Србија ќе разговараат со Рама за улогата на албанскиот политички фактор во Прешевската Долина во врска со тековната полемика за корекции на границата.

Претседателот на Косово Хашим Тачи бара корекција на границата со Србија додека премиерот Рамуш Харадинај се спротиставува на тоа и наведе дека Тачи не е овластен да преговара за тоа.

Албанските политички лидери идејата на шефот на државата и Министертвото за надворешни работата за корекција на границите и размена на територии ја сметаат за опасна по мирот и стабилноста во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.