За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 13:03

И по оставката Муса продолжува да министерува

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако се обелодени скандалот со заменик министерот за здравство Асим Муса дека е вмешан во корупциски скандал.

Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитувала на Top Channel.

Имено заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.

За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

По овој скандал веднаш заменик министерот си поднесе оставка од функцијата.

Тој на Фејсбук објави фотографија од болницата во Струга на која е заедно со министерот Филипче на која ја разгледуваат компјутерската томографија која пристигнала.

Еден од моите приоритети Болницата во Струга и стружани имаат потреба за СТ (компјутерска томографија) стана реалност – напиша Муса.

Оставката на заменик-министерот за здравство, Асим Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта.

Во ДУИ денеска докажавме дека не за 50 евра, туку и за 5 евра, а камоли за Луј Витон Чанта, ќе се понесе одговорност во ДУИ и ние не сме како другите. Ги повикуваме медиумите да пријават секакви злоупотреби на функцијата и сме партнери на невладините организации и медиумите и сите институции во градење на општество во кое нема селективна правда.

Муса, пак, на прес-конференцијата на која си поднесе оставка, истакна дека нема да дозволи кредибилитетот да му биде нарушен со бомбастични наслови во медиумите. Муса не даде одговор на новинарското прашање дали ќе биде поднесена кривична пријава против него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.