Мерко е позитивен на коронавирусот и засега, како што велат од партијата, тој се наоѓа во стабилна состојба.

Објавил: Владо Марин | 26 август, 2020 10:35

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко синоќа бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, потврдија од ДУИ за Плусинфо.

Мерко е позитивен на коронавирусот и засега, како што велат од партијата, тој се наоѓа во стабилна состојба.

Рамиз Мерко е политичар со албанско потекло од редовите на ДУИ. Мерко бил градоначалник на Општина Струга во периодот 2005–2013, а бил и пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот 2014–2016.

Во 2017 бил избран за министер без ресор во владата на Зоран Заев.

Освен државни функции, Мерко ја обавувал и партиската функција претседател на огранокот на ДУИ во Струга.

Додека бил професор на универзитетот во Струга во 2016, државниот просветен инспекторат утврдил дека Мерко работел со невалидна диплома за докторски студии, но не покренал кривична постапка.

На локалните избори во 2017 го победил својот против-кандидат од редовите на Алијанса за Албанците Зијадин Села, станувајќи по третпат градоначалник на Струга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести