Иако официјално и се извинија на Атина, САД цврсто стојат зад ставот, дека дале огромен придонес за Договорот од Преспа, па сега очекуваат од Заев успешен референдум

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 8:42

И Стејт департментот со “надеж” за успех на референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И официјален Вашингтон со пораки за успешен референдум за промена на името.

Во пресрет на денешната посета на Вес Мичел, помошник државен секретар за Европа и Евроазија на Македонија, американскиот Стејт департментот изрази надеж за успех на референдумот и повторно укажа на историската важност на Договорот од Преспа.

Портпарол на Стејт департментот посочи дека имплементацијата на Договорот со Грција ќе овозможи Македонија да стане членка на НАТО како Северна Македонија.

Тоа ќе го олесни отварањето на преговорите за членство во ЕУ, од што корист ќе имаат двете земји а тоа е зацврсување на регионалната безбедност и поттикнување на развојот, се вели во соопштението.

Понатаму, од Стејт департментот уште еднаш повторија дека го поздравуваат историскиот  Договор од Преспа и високо ја оценуваат покажаната визија, храброст и истрајност на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Во Скопје денеска доаѓа помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, додека за викендот закажана е посета и на државниот секретар за одбрана Џејмс Матис. Двајцата високи американски гости доаѓаат за да изразат јасна поддршка за претстојниот референдум и за стапувањето на Македонија во НАТО.

Од Скопје, Мичел заминува во посета на Атина, а пред да допатува во Македонија беше во посета на Тбилиси, Грузија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.