Јанева денеска рече дека СЈО било синоним за борбата за правда и против корупција и дека има уште десет нови истраги.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јули, 2019 18:19

И ФАТИМЕ ФАТАИ И ГИ УДРИ КЛОЦИТЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА!

Фото/Текст извор: ©фактор

По осум дена молк денеска во јавноста се обрати и Јанева, но зад неа го немаше верниот тим од обвинители.

Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденот минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, вели за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи.

Таа се уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на тоа обраќање на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.
Фетаи сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши. Дополнителни коментари СЈО заеднички ќе соопштува. Засега не се коментира настапот на Јанева од денеска.

Инаку Ристовска се обрати ден откако кога Катица Јанева даде оставка, а беа приведени и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Ристовска рече дека зборува од име на сите колеги па и на отсутните кои користеле одмори а ја спомена и Фетаи. Пред медиумите апелираше за побрзо расчистување на случајот и рече дека дејствијата на поединци не ја отсликуваат работата на сите.

Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимателно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега. – истакна Ристовска.

По осум дена молк денеска во јавноста се обрати и Јанева, но зад неа го немаше тимот од обвинители.

Каков сигнал праќа тоа, останува да се претпоставува. Специјалната јавна обвинителка тврдеше дека во ниту еден момент не ја злоупотребила својата позиција и ја охрабри истрагата да се расветли случајот „Рекет“ во кој на некаков начин беше инволвирана и таа. Рече дека СЈО било синоним за борбата за правда и против корупција и дека има уште десет нови истраги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.