Откако Јанакиески јавно го осуди чинот со кој поранешниот премиер Груевски пребега во Унгарија барајќи политички азил, и самиот, лицемерно, е фатен во обид да го направи истото

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 11:04

И Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Според СЈО, притворот на поранешниот министер Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата, Божиновски се мерки кои се преземени по наодите дека планираат бегство.

Миле Јанакиески и Кирил божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство кое што веднаш побарало од судот да им биде изречен притвор, информираше денеска обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова.

Во текот на вчерашниот ден добивме информации според кои не само осомничениот Никола Груевски кој се даде во бегство, туку за бегство се подготвуваа на ист начин и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. – рече Стефанова.

Доцна синоќа кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кој ги уважи предлозите на СЈО наместо досегашните мерки за присуство, патни исправи и објавување во судот, да им изрече 30 дена притвор.

Причините дека постои опасност за бегство ги истакнав уште при поднесувањето на обвинителниот акт, но Кривичниот совет одлучи дека треба да им се применат поблаги мерки. Од овие причини баравме мерка притвор, доколку добиеме информации, тоа ќе го бараме и за другите. – рече Лиле Стефанова.

Таа побара на поранешниот премиер Груевски да му се суди во отсуство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.